АЖУРИРАЧКИ ДИГИТАЛЕН ПЛАНЕР: ГРИЖА ЗА СЕБЕ

350,00 ден

Оваа дигитална верзија на нашиот планер за грижа за себе е целосно подготвена за ажурирање. Што значи тоа?Тоа значи дека со купување на овој производ може да го менувате целосно како Вам тоа Ви се допаѓа и добивате ексклузивно право за пре-продажба на истиот. Значи може да го сменете дизајнот или да го задржите истиот и потоа да го испечатите и да го продавате како Ваше оригинално дело.

100% може да се уредува со помош на бесплатен акаунт на Canva – супер едноставен пристап за професионален изглед, дури и ако немате никакво искуство со алатки за дизајн. Најдоброто нешто е тоа што ги добивате целосните авторски права за препродажба и може да го продавате планерот како Ваш, доколку тоа е Вашата цел.

Дизајнот е готов за преработка и со помош на оваа онлајн алатка може да ги менувате боите, фонтовите, сликите и графиците во планерот, како и содржината. Дизајнот е исто така целосно подготвен за печатење.

За да го добиете овој производ, се што треба да направите е да извршите уплата директно на нашата банкарска сметка, а после уплата уникатниот линк до производот ќе го добиете на Вашата e-mail адреса. Потоа само треба да се логирате или да креирате акаунт на Canva.

Грижа за себе, можеби една од најважните работи кои ни помагаат да се чувствуваме подобро.

Ако сте заборавиле на важноста на грижата за себе, не грижете се, тука сме да ве потсетиме. 🤍

Овој планер е направен од две мајки кои се потсетија на важноста на грижата за себе на потешкиот начин. Наменет е за секоја мајка, затоа што мајките се најсилните луѓе на светот.

Мама, ти можеш! ✨

Посвети си внимание на себе со помош на овој прекрасен планер кој ќе ти овозможи полесно да ги постигнеш твоите идеи и цели и ќе ти помогне полесно да го организираш твоето време.

Планерот содржи страници за планирање на месечно и неделно ниво, страници за забелешки, мотивациони пораки за секој квартал од годината, vision board и календар со празници и денови важни за сите мајки.

Нашето мото е: направи време за себе, за потоа да може да им посветиш време и на другите околу тебе.

Број на страници кои може да се печатат: 50

 

Shopping Cart
Scroll to Top