Добредојдовте на ФЕМКАСТ, подкастот кој е посветен на светот на жените, кариерата, мајчинството и се што е потребно за да изградите успешна и исполнета кариера според Ваши услови. Домаќинка на ФЕМКАСТ е Илина Пејоска Затуроски. Подкастот е продолжение на разговорот, ресурсите и алатките што ги наоѓате на овој вебсајт секој ден. Ова е подкаст за истражување, неуспеси, триумфи, храброст, страв и пристап на реален разговор кон развојот на кариерата на жените и проблемите и предизвиците со кои жените во нашето општество се среќаваат секојдневно. Секоја епизода е различна и ќе дискутираме на различна тема. Многу често ќе имаме и гостинки и со нив ќе разговараме за научените животни лекции поврзани со кариера, мајчинство и семеен живот и ќе истражуваме разни бизнис и кариерни стратегии што тие ги откриле и кои сите можеме да ги користиме во нашите сопствени животи. Овој подкаст е за учење од најпредизвикувачките времиња, заедно. Бидејќи едно е сигурно: дури и најтешките моменти можат да ја трансформираат Вашата кариера и живот на подобро.