Образецот за благодарност е дел од мојата иницијатива „21 ден за благодарност“ кој го започнав на мојот Instagram профил. Приклучете се на предизвикот и практикувајте благодарност дневно.
Овој бесплатен образец за практикување благодарност ќе Ви помогне да ги извадите Вашите најубави мисли на површина секојдневно и ќе Ви помогне да се чувствувате убаво, среќно и благодарно за се што имате во Вашиот живот и за се што Ве прави среќни.
Честопати кога се обидуваме да ги постигнеме нашите цели, нашите апетити се зголемуваат и со тоа забораваме да бидеме благодарни за нештата и луѓето кои веќе ги имаме. Секогаш треба да се потсетуваме дека некогаш сме се молеле да ги имаме луѓето и нештата кои ги имаме сега и да бидеме благодарни за нив, додека повторно работиме на исполнување на нашите нови и останати амбиции и цели.
За да го преземете образецот во PDF формат кликнете на копчето „Додај во кошничка“ и ќе може да го преземете БЕСПЛАТНО штом ја пополнете формата за нарачка – ова е стандардна процедура, нема да ви биде наплатено ништо за преземањето.
Штом кликнете направи нарачка ќе Ви се појави копче на кое може да го преземете образецот БЕСПЛАТНО.
Исто така ќе добиете и потврден email со линк за преземање на образецот.