Денес ќе се одржи панел дискусија во организација на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) со наслов “Empowering Women Leaders in Macedonia”. Настанот ќе се пренесува во живо на официјалната Facebook страна на ОМД и може да го пратат сите кои се заинтересирани за оваа тема и сакаат да придонесаѕ во зајакнувањето на жените лидерки во Македонија.
Како говорнички на настанот ќе учествуваат три бизнис жени од Македонија, а мoдератор на настанот е Натали Секуловска, македонска која живее во Австралија и по професија е новинар и радио водител.
Овој панел ќе се фокусира на важната улога што жените треба да ја играат во зајакнувањето на бизнисот, политиката и локалните заедници во југоисточна Европа. Темите на #женското лидерство, економското зајакнување и родовата еднаквост ќе бидат истражени низ објективот на современото македонско општество во разговор со Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за Култура Битола, Илина Пејоска Затуроски, основачка на Фемитика и Изабела Соколовска, основачка на ЕСНАФ.
Гледајте го настанот во живот на официјалната страница на ОМД или со регистрирање на следниот ЛИНК.