Во оваа епизода на Приказна со Лео и Мама ја читаме приказната „Кики“ од едиција Сказни. Кики е мала индијанка која се обидува да ја заштити шумата и животните од лошиот ловец.
Што научивме (Поука: Децата се помудри отколку што мислиме)
Со Лео разговаравме за тоа колку е важно да ја штитиме шумата и на кој начин тој се грижи за шумите. Ја научивме разликата помеѓу шумарот и ловецот и како да се грижиме за животните.
Зошто да ја слушнете епизодата?
Дали барате свеж начин да се поврзете со вашите деца, или само ви треба изговор да забавите и да уживате во тие неповторливи моменти од детството? Оваа епизода е за вас. Реална е, искрена, и можеби ќе ве инспирира за вашето следно семејно раскажување приказни.
Што е следно?
Од наредната епизода почнуваме со раскажување на новогодишни магични приказни во текот на целиот месец декември и до Божиќ.
Земете го вашето малечко, топло ќебенце, и слушнете ја епизодата на Spotify. Ајде да го направиме раскажувањето приказни врвно искуство за поврзување—епизода по епизода.
За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето PLAY подолу:



