ФЕМКАСТ: Приказна со Лео и мама: Сам Дома 2 – Изгубен во Њу Јорк

Добредојде, декември! Најмагичниот месец започна, а со тоа и нашата новогодишна читачка авантура. Овој месец ќе ги читаме нашите омилени новогодишни сликовници, а започнуваме со омилениот лик на сите дечиња Кевин од „Сам Дома“.

Во оваа епизода од Приказна со Лео и Мама го читаме вториот дел од книгата „Сам Дома“ или „Сам Дома 2 – Изгубен во Њу Јорк“. Првата книга ја има во Македонија и со Македонски превод, меѓутоа втората нема Македонски превод и со оваа епизода сакаме да ја слушнат и оваа приказна сите дечиња. Книгата изобилува со прекрасни илустрации, што ја прави уште поинтересна за малечките.

Оваа книга ја купивме лани од Амазон, бидејќи сакавме колекцијата да ни е целосна.

Книгата е на Англиски јазик и ја преведувам читајќи, така што однапред се извинувам за некои можни грешки или збунки во читањето. Се надевам ќе уживате заедно со вашите малечки.


За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето PLAY подолу:

Shopping Cart
Scroll to Top