Направи-сам Божиќна Вртелешка: Празнична магија со малку лепак и многу смеа

Барате празничен проект кој е магичен и супер забавен за правење? Ви ја претставувам DIY Божиќната вртелешка – светкава и вртечка декорација што ќе ги маѓепса вашите деца и ќе го разбуди вашата внатрешно дете.

Земете го лепакот, пуштете си празнична музика и ајде да создадеме нешто магично.


Материјали што ќе ви требаат:

  • Кружна кутија за подароци (црвена, бидејќи… Божиќ, нели).
  • Четири филцани коњчиња (или што било што личи на коњчиња, моите се купени од Sinsay).
  • Хартиени цевчиња (најдобро со празнични дезени).
  • Црвени металик чинии (за светкав покрив).
  • Ножици и силиконски лепак (или двострана трака ако лепакот вие тежок за работа).
  • Моторче од диско-топка за автоматско вртење (или батериски мотор, или класика – механизам за навивање од некоја играчка, а може да го направите и сами со два запчаници).

Чекор 1: Направете ја базата

Започнете со кружната кутија за подароци. Ова е основата на вашата вртелешка – местото каде што магијата ќе се случи. Ако кутијата има капак, искористете го како дел од покривот за вртелешката да биде поцврста (или само молете се децата да не скокаат врз неа. 😅). На средишниот дел поставете една пластична или метална цевка за да ја држи вртелешката.


Чекор 2: Монтирајте ги коњчињата

Залепете ги филцаните коњчиња на хартиените цевчиња. Ова ќе бидат благородните коњи на вашата вртелешка. Распоредете ги рамномерно околу рабовите на кутијата и залепете ги со лепак. Ако коњчињата не сакаат да се залепат, потсетете ги дека е Божиќ и дека носат радост. 🎠


Чекор 3: Украсете го покривот

Тука доаѓаат металик чиниите. Исечете ги и обликувајте ги во конус за покривот на вртелешката. Прицврстете го покривот на врвот од кутијата (ставете МНОГУ лепак – ќе ми се заблагодарите подоцна). Додадете мало знаме на врвот за класичен изглед. Совет: знамето е одлично за да ги „анимирате“ децата додека поправате нешто друго.


Чекор 4: Додајте моторче (или не)

Најпрво ја направив вртелешката статична, но син ми навистина сакаше вртелешката да се врти сама. Прво одлучив да ја направам со механизам на навивање, немавме дома, па одлучив да изработам сама два запчаници и да ги прицврстам за конструкцијата, нo потоа се сетив дека имаме една стара диско топка за забава која и онака ни фаќаше прашина по дома и решив да го искористам нејзиниот мотор. Го искористив моторчето за да може вртелешката да се врти кога е приклучена во струја. Теоретски, ова требаше да биде едноставно. Во пракса, тоа е леплива ситуација. (Флешбек од мене покриена со лепак, борејќи се со тврдоглава кутија која одбиваше да се залепи за моторот – и да, внатре има еден памперс кој ја држи исправена 😅. 🥲)

Ако моторите не се ваша работа, користете механизам од играчка со навивање или вртете ја рачно. Како и да е, ќе бидете креативен гениј и хероина во очите на вашите деца. 🦹‍♀️


Чекор 5: Декорирајте до максимум

Време е за финалните декорации! Додајте светки, налепници или ленти – што и да ви се допаѓа. Дозволете им на децата да се „изразат“ тука. Само контролирајте ги светките, ако не сакате вашиот дом да блеска до Денот на вљубените.


Совети и трикови:

  1. Безбедност прво: Ако користите моторче, уверете се дека жиците се добро заштитени и безбедни за деца.
  2. Приспособете се: Заменете ги коњите со ирваси, еднорози или што и да одговара на вашата празнична тематика.
  3. Уживајте во хаосот: Кога лепакот одбива да залепи, насмејте се, земете трака и наречете го модерна уметност. 👩‍🎨

Последни мисли

Ете ја: DIY Божиќна вртелешка која ќе го внесе духот на празниците во вашиот дом. Без разлика дали ја приклучувате, навивате или вртите рачно, овој мал проект гарантира дека ќе го разубави вашиот празничен декор.

Целосниот процес преку видео туторијал може да го најдете на мојот Instagram профил.

Сега сте вие на ред! Споделете ги вашите креации и смешни моменти со нас – затоа што, реално, половина од забавата се случува во лепливите катастрофи.

Shopping Cart
Scroll to Top