Во оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за синдромот на натреапник и што го предизвикува истиот.
Синдромот на натрапник е тема која ми е посебно интересна и за која сакам често да зборувам бидејќи тоа е нешто што лично го имам искусено.
На кратко: синдромот на натрапник создава лажна слика за себеси дека нашите успеси никогаш не се доволно добри и значајни и дека некој друг кој ја работи истата работа како нас секогаш е поуспешен од нас.
Еден совршен пример за тоа е случката која ја прочитав кај еден мој колега дизајнер кој има над 15 години искуство и кој го опиша тоа на следниот начин: ,,Јас сум дизајнер со повеќе од 15 години работно искуство и се уште се сомневам во некои мои одлуки и постапки во работата, па дури се сомневам и во квалитетот на моите дизајни, во моето знаење и познавање на дизајнот. Но, тоа нема да го видите кај почетниците, оние кои се гладни за да се докажат. Кај успешните и искусни луѓе е поизразена оваа појава бидејќи тие предолго работеле на усовршување и докажување на нивното знаење и способности чекајќи одобрување од сите за на крај кога го постигнале тој успех заборавиле да го ценат и увидат дури и тие самите.”.
Во оваа блиц-подкаст епизода зборувам за тоа како синдромот на натрапник е повеќе застапен кај жените отколку кај мажите и како да се справиме со истиот.
За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето play:
[anchor_episodes]
За да бидете во тек со сите нови епизоди на ФЕМКАСТ, кликнете на копчето subscribe на: Apple Podcasts, Google Podcasts или Spotify.