ФЕМИТИКА ПОДКАСТ: Како до сопствен бизнис и надминување на стравот од неуспех

Во оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за започнување на сопствен бизнис во Македонија, причините поради кои многу луѓе се плашат своето хоби да го претворат во дополнителна работа од која ќе имаат приходи и како да останете истрајни во вашата намера.

Во животот повеќе ќе жалите за работите кои не сте ги направиле, отколку за оние кои сте ги направиле и завршиле неуспешно. Секој неуспех е поголема лекција од успехот, бидејќи колку и да ни се чини во тој момент лош, неуспехот не учи кои грешки да не ги повторуваме во нашите идни бизнис идеи.

Затоа, не чекајте: започнете уште денес. Исполнете ја вашата желба без стравот од неуспех.

Во оваа епизода ви даваме пет совети и трикови кои ќе ве охрабрат и ќе ве натераат поинаку да гледате на нештата. Никогаш не било полесно да се започне со бизнис или инфлуенсерство отколку сега.
Социјалните мрежи се вашиот најдобар пријател, искористете ги мудро и паметно, бидете конзистентни и дисциплинирани и резулатите од вашата работа ќе бидат видливи.

За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето play:

[anchor_episodes]

За да бидете во тек со сите нови епизоди на ФЕМКАСТ, кликнете на копчето subscribe на: Apple PodcastsGoogle Podcasts или Spotify.

Shopping Cart
Scroll to Top