На Македонија и недостига подкаст култура, тоа значи дека немаме голем број на подкасти, но немаме ни слушатели. Подкаст културата во Македонија допрва ќе расте и развива со оглед на тоа дека подкастите како медиуми стануваат се поактуелни. Достапноста и недоволната промоција се најверојатно најголемиот проблем што луѓето не се запознаени со македонските подкасти. Минатата година во јануари и јас започнав подкаст, но не бев ажурна и немам снимено нова епизода од јуни 2021, а да бидеме реални немав ниту никаква поддршка. Сега повторно имам инспирација и планирам да ги снимам последните објави кои ги имам тука во аудио форма и да ги објавам деновиве како втора сезона од мојот подкаст. Секако имам и некои други планови, но за тоа во иднина.
Во оваа објава ќе ги разгледаме македонските подкасти кои јас успеав да ги најдам и кои активно и редовно се ажурираат со нови епизоди. Дефинитивно мислам дека има повеќе подкасти бидејќи под ознаките Македонски и Македонија не излегува ниту мојот подкаст – за мојот подкаст знам дека е тоа така поради тоа што новиот хостинг провајдер кој го користам не ми овозможува да користам ознаки. Па, да ги погледнеме.
ФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски
Домаќинка на ФЕМКАСТ е Илина Пејоска Затуроски која воедно е и основачка на Фемитика и задолжена за нејзино унапредување и целосно уредување. Нашиот подкаст е продолжение на разговорот, ресурсите и алатките што ги наоѓате на femitika.mk секој ден.
Модни Приказни со Ирина Тошева и Никола Ефтимов
Модата е многу повеќе од убаво и стилско парче облека. Сите геополитички, економски и социјални проблеми низ историјата јасно се покажале и низ модна призма.
НаМуабетСоПапата
Алетеа
СБС Македонски
Pandamonium Radio Show
Култура Бета
Goce.mk
Збориме Реално
Моника Зец Аудио Блог
Подкастот на Зорка
Тик Так и Зорка
Јустинијан Збори
Обични луѓе
Life stories. Archive ethnographic notes and interviews. Talks and discussions. (in Macedonian)
Тука вреди да се спомнат и подкастите на Радио Моф и на Џолев и Уметностите кои редовно објавуваат нови епизоди. Истите се достапни на нивните веб страни.
Имаше уште неколку подкасти, но тие не беа ажурирани повеќе од две години и нема поента да ги вклучам во листата.
Се надевам дека во иднина ќе имаме уште поголем број на подкастери кои ќе зборуваат на интересни и значајни теми. За сите оние кои сакаат, а не знаат како да започнат подкаст подготвувам нешто, затоа следете ме.
