Galentine’s Day, it’s only the best day of the year: ladies celebrating ladies. Оваа година на Св. Трифун и Денот на Вљубените најпрво посветете си внимание и љубов на себеси, за да може соодветно да им подарите љубов и среќа на сите кои ви значат.
За сите девојки и жени кои ме следат тука, на овој Galentine’s Day, ви подарувам два бесплатни темплејти за грижа и љубов кон себеси кои може да си ги превземете директно од тука.
Првиот темплејт е една едноставна листа за проверка која може да си ја печатите еднаш неделно и да си ги штиклирате работи кои сте ги направиле во текот на неделата за да се чувствувате подобро и да си имате убав, чист и пријатен простор во домот кој ќе Ве исполнува со позитивни мисли.
Бесплатните обрасци може да си ги превземете подолу, достапни се како ПДФ фајл.
Вториот темплејт е еден вид на игра/бинго преку која се предизвикувате себеси да бидете подобра верзија од себе секој ден.
Се надевам дека ви се допаѓаат овие темплејти и дека ќе уживате наредната недела во посветување љубов кон себеси. Затоа што здрава и исполнета жена е среќна жена.
