Граници, не забрани: Паметно користење на технологијата во семејството

Во свет каде што дигиталните уреди се присутни насекаде, родителите се соочуваат со предизвикот како најдобро да ги насочат своите деца во користењето на технологијата. Дали воопшто треба да им дозволиме пристап на најмалите? Како да обезбедиме квалитетни дигитални содржини за учење? И што да правиме кога постарите деца веќе имаат изградени навики што сакаме да ги промениме?

Не постои единствен одговор, но свесноста и проактивниот пристап можат многу да помогнат, затоа мој подарок за вас се овие практични вежби кои ги споделувам со вас во оваа објава, поделени според возраста на децата.

Овие вежби се дизајнирани да им помогнат на родителите да анализираат, планираат и да го подобрат начинот на кој технологијата е присутна во нивниот дом, соодветно на возраста на нивните деца. Без разлика дали станува збор за целосно избегнување на екрани, воведување едукативни алатки или превоспитување на дигиталните навики кај поголемите деца, малите промени можат да имаат големо влијание.

Подгответе се за еден интроспективен, но и практичен процес што ќе ви помогне да воспоставите рамнотежа меѓу технологијата и здравиот развој на вашето дете. 🚀📱✨

За деца 2-5 години (без изложеност на дигитални уреди)

1. Анализа на семејните дигитални навики

Направете список на сите дигитални уреди што се користат во домот и проверете колку често вашето дете е во нивна близина. Размислете како можете да го намалите нивното влијание (на пр. без екрани за време на оброци, повеќе аналогни активности).

За деца 5-10 години (едукативна употреба на дигитални алатки)

1. Едукативни дигитални алатки

Истражете кои дигитални алатки можат да бидат корисни за учење (на пр. аудиокниги, интерактивни апликации за читање, програми за кодирање). Заедно со детето направете список и поставете правила за нивно користење.

За деца 10+ години (превоспитување на дигиталните навики)

1. Ревидирање на постоечките дигитални навики

Заедно со детето направете искрен разговор за тоа како го користи интернетот, социјалните мрежи или видео игрите. Дали има некои лоши навики што сака да ги промени? Направете план за нивно подобрување и поставете време за користење на уреди.

Сакаш да добиеш пристап до повеќе вакви насоки?
🚀 Наскоро излегува мојата книга во која ќе бидат опфатени многу поголем број на задачи, практични совети и трикови.

Дигиталната ера ја променува нашата реалност и влијае на секој аспект од животот, а особено на воспитувањето на нашите деца. Во свет каде технологијата е секојдневие, како можеме да го водиме нашето потомство и да ги заштитиме од нејзините ризици?

Мојата книга „Поврзани и заштитени: Воспитување деца во дигиталната ера“ нуди практични совети и стратегии за родители кои сакаат да го разберетат дигиталниот свет и да создадат здрави граници за своите деца.

Ако сакате да бидете меѓу првите што ќе ја прочитаат оваа книга и ќе добијат вредни ресурси кои ќе ви помогнат во поставувањето граници, претплатете се на мојата листа за чекање. Заедно ќе создадеме посигурен и помудар пат за децата во овој нов дигитален свет.

Претплатете се денес и бидете меѓу првите кои ќе ја добијат книгата веднаш штом излезе!

Внесете ја Вашата email адреса во полето долу за први да добиете известување штом книгата е достапна за нарачка.

Претплати се на листата на чекање

* indicates required

Shopping Cart
Scroll to Top