ФЕМКАСТ: Приказна со Лео и мама: Елф

40 епизоди ФЕМКАСТ! 🤩 А, токму оваа ми е и една од омилените – со син ми за вас ја читаме една од нашите омилени сликовници, „Елф“ инспирирана од култниот Божиќен филм со истото име, а во главната улога е добро познатиот Вил Ферел.

Првата епизода од ФЕМКАСТ излезе пред 4 години, создавањето на ФЕМКАСТ беше инспирирано од мојот тогашен вебсајт за животен стил, ФЕМИТИКА и секако од мојот син Лео. Моите деца остануваат непресушна инспирација за мене.

Во овие четири години имав многу гостинки, зборував на многу важни теми за мене, а и за сите жени, зборував и на теми за кои ретко кој сака да зборува јавно.

На многумина им дадов платформа кога никој друг не им даваше за да се претстават себеси пред една целосно поинаква публика од нивната, да ги претстават своите бизниси и успеси, им дадов ✨несебична✨ поддршка – им отворив патишта и таа заслуга гордо ќе си ја земам, иако неколку од нив тоа го заборавија откако им тргна во животот 😅, ама затоа јас лекцијата која ја научив нема да ја заборавам и затоа отсега понатаму мојата поддршка нема да доаѓа несебично и наивно. Гостите ќе ги одбирам повнимателно во иднина, со надеж дека нема да ме разочараат. ✌🏻

За сите останати кои тоа не го заборавија, а ми беа и останаа моја константна поддршка во текот на годините сакам да им се заблагодарам јавно на неколку личности: @iva_kitanovska, @katerinaklimovska, @marija_dimishkovska, @yesforless.mk, @staskovamiteva, @emilynism 🤍

Ми гостуваа и неколку видни јавни личности и им благодарам ним за тоа што прифатија мене да ми дадат шанса и да гостуваат на еден аматерски, но со многу љубов, изработен поткаст. Нема да го заборавам тоа. 🙌🏻

Верувам дека ќе беа и повеќе епизоди доколку не направев едногодишна пауза од снимање во 2022 година, но како и да е ова е за мене значаен јубилеј.

Се надевам ќе уживате во епизодата, ја снимивме со многу радост. Главниот јунак заспа во текот на снимањето, но затоа мама ја заврши приказната до крај. 😄

Сите епизоди од ФЕМКАСТ се достапни на Spotify, Apple Podcasts, мојот вебсајт (линк во био), дел од епизодите се на YouTube, или на секое друго место каде што слушате поткасти. 🤍

Забелешка за оваа епизода: Книгата е на Англиски јазик и ја преведувам читајќи, така што однапред се извинувам за некои можни грешки или збунки во читањето. Се надевам ќе уживате заедно со вашите малечки.


За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето PLAY подолу:

Shopping Cart
Scroll to Top