Добредојдовте во последната #ФЕМКАСТ епизода за оваа сезона (со гостинка), а во неа гостува Фросина Божиноска, специјалист по маркетинг и мајка на две деца. Со Фросина разговараме за нејзината работа, една жешка тема која ја отворив неодамна – инфлуенсерски маркетинг – и се разбира за мајчинството, посебно за токсичната заедница на „најмајки“ на Инстаграм и чувствата на вина и недоволност кои ги наметнуваат на останатите жени кои ги следат. Фросина е првата жена која сама изрази желба да разговараме на оваа тема, бидејќи и кога првпат ја наметнав темата на Инстаграм добив очекувани реакции дека сум многу храбра што воопшто се осмелив да зборувам за оваа тема бидејќи таа заедница на мајки е многу лесно навредлива од сите кои се обидуваат да им се спротивстават на нивните ставови и генерални совети и мислења.
Многу би сакала да го слушнам вашето мислење после оваа епизода на оваа тема, бидејќи пред снимањето на овој разговор ги истражив некои од Македонските женски онлајн форуми и мислењата се повторуваат и поклопуваат со моето и тоа на Фросина, меѓутоа многу ретко се изразуваат јавно и би сакала да ја утврдиме причината за тоа.
За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето play веднаш до името на епизодата:
[anchor_episodes]
За да бидете во тек со сите нови епизоди на ФЕМКАСТ, кликнете на копчето subscribe на: Anchor, Apple Podcasts, Google Podcasts или Spotify.