Оваа епизода на ФЕМКАСТ е презентирана од поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска.
Во оваа епизода разговараме за значењето на пратеничките канцеларии и нивната улога во комуникацијата со граѓаните. Да се биде јавна личност не само што претпоставува голем број внимателно пресметани чекори и акции, туку претпостаува и создавање приказна, имиџ и содржина, комуникација која се карактеризира со волја да се сослушаат и согледаат повеќе слоеви на граѓанските предизвици со цел и внатрешно и надворешно во секое време пратеникот да биде во тек и вклучен во граѓанските иницијативи. Само така граѓанската иницијатива има начин да стигне до вистинската адреса на повисоко ниво.
Оваа епизода е совршен ресурс за сите кои веќе активно се занимаваат со политика, пратениците во Собранието на Република Македонија, како и оние кои имаат амбиции да се занимаваат со политика.
За да ја преслушате целата епизода, кликнете на копчето play:
[anchor_episodes]
За да бидете во тек со сите нови епизоди на ФЕМКАСТ, кликнете на копчето follow.