Здраво драги родители и идни родители!
Оваа објава е со оправдано задоцнување од еден месец, бидејќи нашето малечко веќе наполни 10 месеци! Но, верувајте ми, истите правила и производи кои ни го олеснија животот во првите 9 месеци, важат и сега. Сакам да споделам со вас кои производи ни беа од најголема помош и зошто ги сметаме за апсолутно неопходни.
1. Количка BEBETTO (сет од три)
Апсолутно фантастична инвестиција од прв ден до сега. Оваа количка е исклучително стабилна и функционална, лесна за склопување и не зафаќа многу место во автомобилот. Особено е практична бидејќи може целосно да се расклопи, вклучувајќи ги и тркалата, што е огромен плус за чистење и складирање. Го користевме и транспортерот, а и корпата до 6 месеци, и сè беше одлично. Не би ја менувале за ништо! Моделот кој ние го имаме е Bebetto Flavio Pro – покрај тоа што е функционална, исто така е и естетски убава. Нашата е во кафеава/коњак боја. Доаѓа комплет со заштитна прекривка од дожд и заштитна мрежа од инсекти, а торбата е толку шик што може да си ја носите и сама по себе, бидејќи воопшто не личи на торба за пелени.
Во Македонија може да ја купите од Либерта Бебе Центар.


2. BabyBrezza диспензер за млеко
Ако вашето бебе е на адаптирано млеко, ова е најдобрата инвестиција што можете да ја направите! Заборавете на грижите дали сте ја згрешиле дозата на сред ноќ или дали водата е доволно топла или ладна. BabyBrezza е едноставно совршена. Подготвува шише со млеко за неколку секунди, на идеална температура и со точна доза. Спасител на животи, особено во текот на ноќта!
Во Македонија може да ја купите од Енци Менци.
3. Leander Matty, подлога за пресоблекување
После искуството со првото дете, кога навистина ни недостигаше практична и функционална подлога за пресоблекување која лесно се чисти, овојпат воопшто не жалевме што потрошивме малку повеќе пари за Leander Matty. Навистина вреди! Изработена е од мек, но издржлив материјал кој е многу лесен за одржување – само пребришете ја и готово. Нема потреба од дополнителни навлаки и перење. Во Македонија може да ја купите од Лалина Ателиер.


4. KikkaBoo стерилизатор
За првото дете користевме стандарден начин на стерилизација на шишињата со варење, меѓутоа овојпат си инвестиравме во уред и знаете што – не згрешивме! KikkaBoo стерилизаторот е прелесен за употреба и воопшто не се грижам дали шишињата се доволно добро стерилизирани – едноставно се. Брзо, ефикасно и безбедно. Голема препорака!
оВо Македонија може да го купите од Локо Кроко или официјалниот вебсајт на KikkaBoo.
5. Кружно креветче OmniBaby
Ова беше моја голема желба уште со првото дете, меѓутоа тогаш кај нас сè уште не беа достапни овие модели на креветчиња. Ама затоа со второто си ја исполнив желбата и воопшто не згрешив во изборот. OmniBaby кружното креветче е функционално и прекрасно креветче кое расте со детето. Може да се претвори од мало кружно креветче во поголемо креветче, па дури и во две столчиња. Естетски е многу привлечно и создава пријатна атмосфера во собата.
Во Македонија може да го купите од официјалната продавница на OmniBaby.


6. Носилка
Не верував дека оваа направа ќе ми биде толку корисна, бидејќи со првото дете не користев. Меѓутоа, многу пати изминатите месеци ми беше од огромна помош кога треба нешто да завршам низ дома, а тој не сакаше да биде никаде на друго место освен до мене. Дали требаше да инвестирам во поскапа носилка? Апсолутно. Меѓутоа, и оваа си ја заврши работата, бидејќи сега е веќе голем за во носилка. Носилката ви ги ослободува рацете и ви овозможува да бидете активни додека бебето е безбедно и блиску до вас.
Најдобрите и најквалитетните носилки кај нас ги има во Oxymammy – мојата не беше од таму, но дефинитивно ако треба да купувам пак нема да се премислувам од каде да ја набавам.
Се надевам дека оваа листа ќе ви биде корисна при изборот на производи за вашето малечко. Секој родител има различно искуство, но овие производи навистина ни го олеснија секојдневието и ни овозможија да уживаме во првите месеци со нашето бебе.
Со љубов,





