Замена и враќање на производи

Политиката за враќање и замена на производ ги опфаќа следните начела:

Потрошувачот има право на замена/враќање на производ кој може да се направи во рок од 7 дена од денот на нарачката. По истекот на рокот од 7 дена од денот на подигање т.е. достава на пратката, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производот. Сите поднесени барања за замена и враќање на производот, сметано од 8-миот ден од денот кога пратката е примена од потрошувачот, нема да бидат земени во предвид.

– Вршиме замена на производ во случај кога производот е оштетен. Доколку ние сме Ви пратиле оштетена пратка, доставата е на наша сметка. Доколку прозиводот не Ви се допаѓа и сакате замена, тогаш доставата е на Ваша сметка.
– Вршиме враќање на производ под услов производите да не се користени, неоштетени, спакувани во нивното оригинално пакување и да се сеуште со етикета, со тоа што карго доставата е на Ваша сметка.

За било какви дополнителни прашања во врска со враќањето на производ, Ве молиме контактирајте нѐ на е-маил адреса femitika@femitika.mk или во порака на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Shopping Cart
Scroll to Top