Фемитика не е типичен портал за секојдневни вести и трач-рубрики.
Тука сме за да ве инспирираме да бидете најдобрата верзија од себе, да се почитувате една со друга и да напредувате и да бидете успешни заедно, бидејќи од успехот на секоја жена зависи напредокот на општеството.
Истото важи и за голем дел од ТВ водителките. Потоа ги имаме и инфлуенсерките или порано познати како блогерки, нивниот труд честопати е исмеван и не е сфаќан сериозно – а, ретко кој знае колку посветеност бара таа професија.
Можеме да кажеме дека постои еден вид на страв кај мажите политичари од паѓање во сенка на жените политичарки. Тоа е и една од причините што ставовите на жените политичарки често немаат доволна застапеност во медиумите и што се уште во нашата држава на голем дел од високите позиции во партиите се мажи.
Ние сме тука за тоа да го промениме, за сите жени во Македонија да ја добијат еднаквата медиумска застапеност. Нашите објави ќе бидат инспиративни и ќе придвижат едни нови струи на женската моќ и солидарност.
Неодамна Фемитика доби нов изглед, но и една нова цел. Кога ја создадовме Фемитика во Април минатата година, нашата главна цел беше да им овозможиме поголема медиумска експонираност на жените политичарки од Македонија и да им дадеме платформа за да можат да го споделат своето критичко размислување со јавноста. Таа цел е исполнета со тоа што многу голем број на жени политичарки најдоа свое место на Фемитика. Иако воведуваме новитети, нашата поддршка за политичарките од конзервативните партии останува и ги покануваме да продолжат да ни испраќаат текстови и во иднина – секогаш ќе има место за нив кај нас.
Тука исто така сакам да напоменам дека иако Фемитика е десно ориентирана при поддржување на политичките ставови, од самиот почеток како платформа е финансирана единствено и лично од нас – нејзините основачи. Ова е многу важен момент за тоа што следува.
На Фемитика ќе може да најдете прирачници, водичи, е-книги, обрасци, квизови и многу повеќе за успешно унапредување и менаџирање на Вашата кариера или сопствен бизнис – многу голем дел од овие материјали ќе бидат бесплатни за преземање.
Фемитика отсекогаш беше наменета од жени за жени, но сега е многу повеќе: не е обичен сајт за секојдневни политички вести, туку е платформа за сите нас.
Уште еден новитет е дека наскоро почнуваме со наш подкаст со име ФЕМКАСТ: Фемитика подкаст за светот на жените, кариерата и мајчинството.
Многу се радуваме на овој проект посебно поради тоа што ќе имаме и гостинки, млади и успешни претприемачки кои покрај својата регуларна работа успешно менаџираат семејство и мал бизнис.
❤️